Им се закануваат затворски казни: МВР ги гони луѓето што протестираа во Кочани и некој што пишал Фејсбук статус

Поднесени се кривични пријави против 4 лица за „организирање на отпор“ и една кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем за случувањата во Кочани, информираат од МВР за Инфомакс.

– Во врска со вашите прашања ве известуваме дека:

  • По член 387 од Кривичен законик поднесени се 3 кривични пријави против 4 лица,
  • По член 394-г од Кривичен законик поднесена е една пријава против едно лице. – стои во одговорот од МВР.

За организирање на отпор Кривичниот закон предвидува парична или казна затвор до три години.

Член 387:

(1)Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години

За ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем е предвидена затворска казна од една до пет години.

(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа
на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.
(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Овие кривични пријави се однесуваат на немирите во Кочани по трагедијата во која починаа 60 лица.

Пронајдете не на следниве мрежи: