Високите температури во Рим придонесоа за зголемување на популацијата на стршлени во тој град, кои често ги напаѓаат жителите и туристите во италијанската престолнина.
Градот Рим го повикал зоолог Андреа Лунерти, експерт за стршлени, за да ги отстрани бројните гнезда што овие инсекти ги направиле низ градот.
- Среќна нова 2025 година
- Црна Гора и Босна со најголем процентуален раст на минималната плата во регионот
- (Фото) Новата година пристигна во Москва
- Скопјани традиционално се собраа на плоштад „Македонија“
- Доналд Туск: НАТО ќе ја зајакне контролата врз балтичките води
- „ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад на цели во Ј.Кореја и Јапонија во војна со НАТО
- (Видео) Еве како Дубаи ја дочека новата година!
- Тошковски: Македонските граѓани можат да се чувствуваат безбедни, полицијата е присутна и будно ја следи состојбата
- Гавазова одбиена за виза на САД? Пропадна долго планирана турнеја
- Во моментов добивам многу повици, од сите страни. Луѓето ги гледаат овие големи инсекти како летаат наоколу, а нивните гнезда се огромни, понекогаш има од 700 до 1.000 единки – изјави Лунерти, а пренесува Гардијан.
Неодамна, Лунерти добил повик од домот на една постара госпоѓа која се вратила од одмор во Сардинија и открила дека 800 ориентални стршлени изградиле гнездо во нејзината бања.
Минатата недела, чистач на прозорци на возраст од околу 50 години паднал од скеле и починал откако бил нападнат од рој стршлени.
Освен екстремно топлото време за овој период од годината, Лунерти за наездата на стршлените ги обвинува и купиштата ѓубре во Рим.
Тој вели дека овие два елементи создаваат идеални услови за ширење на инсектите во урбаните средини.
– Рим е многу валкан град, контејнерите се насекаде отворени – рече Лунерти.
Ориенталните стршлени се присутни и во некои делови на јужна Италија, особено во пристанишните градови како Неапол.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.