Инвеститори од Катар сакаат да го купат Ливерпул

Фенвеј Спортс Груп пред 13 години го купи Ливерпул за 300 милиони фунти, а сега за продажба на клубот бараат најмалку четири милијарди фунти.

Сопствениците на клубот замолиле неколку инвестициски банкарски групи да помогнат со продажбата на поранешниот европски и англиски првак.

Засега не е познато колку луѓе се заинтересирани да го купат клубот, но се шпекулира дека тие од Катар се најсериозни во својата намера.

Газдите на Ливерпул во текто на следниот месец планираат да ги примат понудите за екипата, по што ќе решат дали ќе го продадат.

Пронајдете не на следниве мрежи: