Индиската милијардерка и филантроп Суда Реди носеше ѓердан вреден повеќе од 15 милиони долари од нејзината сопствена колекција на Мет Гала што се одржа во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк.
Таа се појави во креацијата на индискиот дизајнер Маниш Малхотра. Фокусот на ова нејзино модно издание беше оваа дијамантска огрлица со привезок „Кралица на Мерелани“, која се состои од дури 550 карати танзанит добиен од ридовите Мерелани во Танзанија.
Таа носеше и 40-каратен колумбиски смарагд со дијамантски ореол од 18-каратно жолто злато, како и 30-каратен дијамантски прстен.
View this post on Instagram A post shared by Sudha Reddy (@sudhareddy.official)
Стилистката Мариел Хен за списанието „Пипл“ изјави дека изгледот на Суда Реди на Мет Гала е инспириран од богатото уметничко и архитектонско наследство на Хајдерабад, испреплетувајќи ги древните индиски занаетчиски традиции и прифаќајќи го вистинскиот концепт на костимографија.
„Користејќи техники кои датираат од пред повеќе од 3.000 години, тие создадоа прекрасен, повеќедимензионален outfit кој зборува и за културното наследство и за современото раскош. Изгледот е маестрален почит кон креативната душа на Индија“, рече таа.
Овогодинешната Мет Гала се одржа под темата „Костимска уметност“, а изложбата ја курираше Ендру Болтон. Реди го имаше своето деби на овој настан во 2021 година.
The post Индиска милијардерка носи ѓердан од 15 милиони долари: Тоа е само дел од нејзината раскошна колекција appeared first on Во Центар.



