сабота, 28 ноември 2026
Најново

Индискиот премиер Моди ја одби поканата на Трамп за средба во Вашингтон, и отпатува во Хрватска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам Мисри денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го поканил индискиот премиер Нарендра Моди да ги посети САД по самитот на Г7 во Канада.Сепак, како што пишува Тајмс оф Индија, Моди ја одбил поканата, наведувајќи ги претходните обврски.„Трамп го праша премиерот Моди дали може да ги посети САД по враќањето од Канада; сепак, премиерот изрази неможност да го стори тоа поради претходните ангажмани“, рече Мисри.По завршувањето на неговата посета на Канада, негова прва по десет години, премиерот Моди отпатува во Загреб , со што стана првиот индиски премиер што доаѓа во официјална посета на ХрватскаИако Трамп предвреме го напушти самитот на Г7, тој и премиерот Моди одржале телефонски разговор на барање на Трамп, а тема на разговорите била актуелниот израелско-ирански судир и неодамнешните тензии меѓу Индија и Пакистан.

Поврзани вести