Премиерот на Индија Нарендра Моди пристигна во дводневна посета на Москва.
Премиерот на Индија на аеродромот Внуково го пречека вицепремиерот Денис Мантуров.
Посетата, која ќе трае од 8 до 9 јули, е прво патување на Моди откако по трет пат ја презеде функцијата премиер.
Последен пат шефот на индиската влада беше во Русија во 2019 година, кога го посети Владивосток. Последното патување на Моди во Москва беше во 2015 година.
За време на посетата индискиот лидер ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.