Индија му нареди на Илон Маск

Индиската влада издаде строг ултиматум до Компанијата X, поради содржината креирана од четботот Грок.

Индиските власти ѝ наредија на социјалната мрежа X, во сопственост на Илон Маск, што е можно поскоро да ги поправи недостатоците во својот четбот со вештачка интелигенција Grok, откако беше откриено дека алатката може да генерира експлицитна и нелегална содржина.

Министерството за електроника и информатичка технологија на Индија соопшти дека „Грок“, вештачка интелигенција интегрирана во платформата X, била користена за генерирање експлицитни текстови и слики, вклучително и содржина што ги крши локалните закони.

Владата побара од Компанијата X веднаш да ја отстрани целата несоодветна содржина и да ги подобри безбедносните механизми за да се спречи нејзино понатамошно генерирање. На компанијата ѝ е наредено и да поднесе извештај за преземените мерки во рок од 72 часа.

Особено загрижувачки беа наводите дека Грок во некои случаи овозможил создавање сексуализирана содржина со вештачка интелигенција, што е строго забрането според индискиот закон.

Доколку компанијата X не ги исполни барањата, може да се соочи со законски санкции, вклучително и губење на законската заштита што платформите ја имаат за содржината објавена од корисниците.
The post Индија му нареди на Илон Маск appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: