Индија забележа уште едно рекордно зголемување од коронавирусот, бидејќи во последните 24 часа беа потврдени уште 95.735 случаи на инфекција.
Според податоците на индиското Министерство за здравство, вкупниот број на заразени е 4.465.863, додека 75.062 лица починале од почетокот на пандемијата, од кои 1.172 починале во последните 24 часа, според АП.
Индиската влада продолжува да ги олеснува ограничувачките мерки воведени за борба против коронавирусот, бидејќи економијата на земјата падна за рекордни 23,9 проценти помеѓу април и јуни и милиони луѓе останаа без работа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.