Денес Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства. Тие бараат во понеделник Собранието да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може да го спроведе ова.
– Предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно. Нашето мото е: Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани, се наведува во соопштението на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.