Инспектори и полиција пред „Интермецо“, вечерва пее Тони Цетински

Инспектори од Државниот пазарен инспекторат, заедно со полиција, денеска го посетија кафе барот „Интермецо“ каде вечерва ќе настапува хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински. Засилената теренска обиколка на инспекторите доаѓа по двата концерта во петокот и синоќа на српскиот пејач Владо Георгиев во „Мош“, но и на журките во повеќе локали низ Македонија, каде воопшто не се запазуваа мерките за заштита од ковид-19, што наиде на лавина критика во јавноста.
За здравјето на гостите не можам да гарантирам, но можам да гарантирам дека во објектот се почитуваат пропишаните здравствени протоколи, вели во изјава за „Телма“ менаџерот на „Интермецо“, Константин Влахо, поранешен фудбалски судија и екс-тренер на Работнички.
Тој додаде дека обезбедено е место за 220 гости.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.