Министерот за здравство Арбен Таравари му наложил на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши увид во документацијата на 59-годишниот пациент Тони Ангеловски, кој со пукната аорта почина чекајќи операција на државната Кардиохирургија, информираат од Министерството.
Како што објави „Слободен печат“, семејството на Ангелковски бара правда за неговата смрт и повикува на одговорност за случајот.
Горица Ангелковска, сопругата на Тони, за „Слободен печат“ вели дека на Клиниката ѝ кажале дека не можат да му направат операција на нејзиниот сопруг, затоа што немале услови, операциона сала и апарати.