Инстаграм воведе нова опција, корисниците зачудени

Социјалната мрежа Instagram воведе функција наречена Candid Stories за која може да се каже дека е клон на апликацијата BeReal.

Candid Stories е нова функција во склоп на Instagram Stories која го нуди истото што и BeReal, а тоа е селфи секој ден. Функцијата на почеток ќе се тестира само во Јужна Африка.

BeReal беше лансиран во 2019 година и оттогаш константно расте, а особено е популарен помеѓу корисниците од генерацијата Z. Апликацијата се промовира како автентична мејнстрим платформа за друштвени медиуми бидејќи овозможува само една објава на ден и има ограничени начини на кои корисниците можат да воспостават интеракција со другите.
Како и BeReal, Candid Stories на Instagram на дневна база ќе ги потсетува корисниците да објават селфи, а тие ќе можат да ги видат Candid сторињата на своите пријатели само ако претходно направиле свое Candid стори. Candid селфињата, како и постовите на BeReal, всушност ќе бидат фотографии снимени истовремено со предната и задната камера.

Инстаграм воведе нова опција, корисниците зачудени

Компанијата Meta на Candid Stories работи од летоска кога оваа функција се споменуваше како Candid Challenges и за која се зборуваше дека е „интерен прототип“.
Претходно функцијата копирана од BeReal ја воведоа и Snapchat и TikTok.

Instagram воведува и нова функција наречена Notes која им овбозможува на корисниците на својот профил да напишат статус од 60 карактери. Notes веќе неколку месеци е во тест фаза, а би можела да добие на важност откако Илон Маск го презеде Twitter.
Покрај тоа, Instagram ги поттикнува корисниците на интеракција во помали групи преку новата опција Group Profiles, која им овозможува на групите пријатели да создадат заеднички профили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.