Инструкторот заборавил да го врзе параглајдеристот

Ова видео за два дена беше прегледано огромен број на пати и сите се сложуваат во едно – дека од снимката ви се леди крвта.
Американскиот турист Крис Гурски, на првиот ден од својот одмор во Швајцарија, решил да проба параглајдинг. Верувале или не, инструкторот заборавил да го закачи, па Американецот целиот лет го поминал држејќи се на леталото (и ногавицата на инструкторот) единствено со своите две раце.


И сето тоа снимено на видео, од првиот па до последниот момент.
Крис завршил на операција, со скршен зглоб и скината тетива на бицепсот од долгото држење. Но сега е добар. Планира пак да го проба истото. Првиот пат не уживал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.