Полицијата во Букурешт уапси 20-годишен маж поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело силување, соопшти денеска полицијата. Станува збор за инструктор по пливање од КС Динамо, клуб кој објави дека отпуштил вработен по инцидентот.
– Раководството на клубот соработува и ќе соработува со истражителите за да се реши овој случај што е можно побрзо, ставајќи ги на располагање снимките снимени од надзорните камери во просторот на базенот, соопштија од клубот.
- Русија тврди дека презела контрола над уште едно населено место во украинската Доњецка Област
- Укинати забраните за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – ГП „Деве Баир“ и Кратово – Пробиштип
- Дали е ова најмодерната кујна што ќе ја видите на интернет? Секоја домаќинка сонува за неа (видео)
- „Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се брише „Република Македонија“ и се додава северна
- Три хороскопски знаци кои зимава ќе немаат пари, ќе мора да го преживуваат секој цент
На 13 февруари, мајката на девојчето го пријавила случајот во полициска станица и рекла дека нејзината седумгодишна малолетна ќерка била жртва на силување, а делото го извршил нејзиниот инструктор по пливање.
Полицијата соопшти дека делото е извршено во базенот на клубот.
Станува збор за Спортскиот клуб Динамо, а инструкторот по пливање има договор за спортски активности со клубот. Според информациите, седумгодишното девојче било во базенот со инструкторот, кога дваесетгодишниот маж го извршил делото, а надзорните камери го снимиле местото на настанот.
Девојчето отишло дома, па и’ раскажало на мајка си што се случило, а жената ја известила полицијата. Младиот човек не пружил отпор кога полицијата го привела, пренесува Либертатеа.
Приведен е на распит и му е одредена мерка притвор до 24 часа. Судот предложи тој да биде во притвор од 30 дена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.