Сергиј Черевати, портпарол на Источната воена команда, за украинската телевизија изјави дека битката за Соледар е важна и дека украинските сили не дозволиле руските сили да ги пробијат линиите на фронтот.
„Градот не е под контрола на Руската Федерација. Се водат жестоки борби. Ситуацијата таму е комплицирана“, рече тој.
Тој рече дека воената команда „сега работи на тоа како да ја стабилизира ситуацијата со максимално влијание за непријателот и минимални загуби за Украина“.
За потсетување, руската платеничка група Вагнер објави дека ја презела контролата врз Соледар, град за ископ на сол во близина на градот Бахмут, каде борбите исто така се жестоки додека Русија се обидува да го заземе целиот Донбас во источна Украина.
„Интензитетот на битките кај Бахмут може да се спореди со Втората светска војна“, рече Черевати.