По бурата од реакции и емоции кои се случија по интервјуто на Латас кај извесниот Лазаров и тоа на Јутјуб – тоа интервју од пред малку не е достапно на таа платформа.
Претходно денеска излезе информација за започната истрага поради тоа интервју. – Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до скопското обвинителство по интервјуто емитувано на 15 февруари, во кое Латас раскажува како на 15-годишна возраст, тој и неколку другари злоставувале девојка која претходно била „шамарана“.
Во интервјуто во еден дел Латас, раскажувајќи за своето прво сексуално искуство кажува дека бил повикан од познаник кој му рекол да „влезе во фичото и да работи“ додека внатре имало „распарталена жена“. Претходно Латас го опишува пријателот како син на полициски моќник во тоа време, кој сакал сите девојки пред сексуалниот чин да ги „шамара“.