Џинот е еден од алкохолните пијалоци кои се почесто се конзумираат.Тој има арома, комплексен, освежувачки и она што е најважно има поголем процент на алкохол од повеќето останати пијалоци. Коктел кој се прави од џин и тоник, обично е гарниран со резанка лимета или лимон и коцки мраз. Постојат интересни факти за овој алкохолен пијалок кој сигурно не сте ги знаеле и покрај тоа што е бил на вашето мени неколку пати:
– Џинот е создаден во Холандија, а не во Лондон, како што најчесто се мисли.
– Џинот е создаден во 1600тите години и тоа чисто за медицински цели, да лечи стомачни болки.
– Името на џинот потекнува од холандскиот збор за смрека (genievre), клучна состојка во овој пијалок.
-„London Dry“ се однесува на стилот на џин кој е многу квалитетно дестилиран и е елиминирана потребата од додавање на засладувачи и други неприродни ароми.
– Џинот се прави со стотици години, но не во оваа форма како што го познаваме денес. Алкохолот бил многу лошо дестилиран користејќи се што ќе им дошло при рака на луѓето со мало искуство. За да се прикријат чудните ароми, пијалокот бил многу засладуван и ароматизиран со сите можни состојки.
– Џинот е основа за повеќето класични коктели кои денес често се поврзуваат други пијалоци, како што се Martini и Gimlet.
-Луѓето порано додека ги посетувале тропските предели пиеле тоник затоа што создржи кинин, лек за маларија. Многу често, за да го направат тоникот повкусен и полесен за пиење го мешале со џин, па така е родено овој прекрасен коктел.
-Џинот бил многу популарен пијалок за време на прохибицијата во САД затоа што буквално можел да биде дестирлиран во када и не биле потребни никакви бочви, буриња или пак друга опрема.Џинот е еден од алкохолните пијалоци кои се почесто се конзумираат.Тој има арома, комплексен, освежувачки и она