Интерпелација на Димитров во Собрание

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 81-та седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија во прво и второ читање, како и интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратенцитете од ВМРО-ДПМНЕ.
Претениците во рамките на седницата треба да расправаат и за Граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија.
На дневниот ред на седницата се и предлог одлуките за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, за изменување и дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави, за избор на член на Државниот Совет за превенција на детско престапништво, и за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации./ МИА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.