Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа од 0-3 на гостувањето во Сардинија кај екипата на Каљари.
Покрај освоените три бода навивачите на Интер од овој натпревар сигурно ги радува и голот на Лаутаро Мартинез кој така го прекина голгетерскиот пост кој го имаше од 3 ноември.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а резултатот го отвори дефанзивецот Бастони кој мајсторски реагираше по нафрлувањето на Николо Барела. Мартинез својот гол го постигна во 71 минута и тука веќе беше јасно дека „нероаѕурите“ нема да дозволат изненадување.