Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, во однос на јуни годинава, изнесува 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика.
Најголем раст е регистриран кај транспортот – 4,4 проценти, како и кај рекреацијата и културата, домувањето и угостителските услуги. Истовремено, најголемо намалување е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци, за 1,1 процент, како и кај покуќнината и опремата за домаќинствата.
На годишно ниво, трошоците на живот во јули се повисоки за 2,3 проценти, додека цените на мало бележат раст од 1,8 проценти.



