Инфлацијата се намали на три отсто


Ова е потврда дека сите мерки на Владата во доменот на зауздување на растот на цените го даваат својот резултат, напиша Битиќи на Фејсбук

Во месец февруари 2024 официјалните бројки на Државниот завод за статистика (ДЗС) бележат раст на трошоците на живот (инфлацијата) од 3 отсто споредено со истиот месец од минатата година, што е најниско ниво на инфлација од јуни 2021, кога полека започнуваме да го чувствуваме влијанието на инфлаторните притисоци кои беа предизвикани како последица на неколку кризи: енергетската криза, војната во Украина, како и нарушените синџири на снабдување, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

„Ова е потврда дека сите мерки на Владата во доменот на зауздување на растот на цените го даваат својот резултат. Во исто време се бележи раст на просечната плата на околу 540 000 илјади вработени, која достигна 40 000 денари во декември 2023 година. За една година имаме раст од околу 16 отсто или 5 634 денари. Овој раст на платите секогаш е чекор пред трошоците, затоа успеавме реалната куповна моќ да ја зголемиме за 13 отсто во истиот период“,

посочува Битиќи во објавата.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: