Инфографик и проширена анализа во која се обработени податоци…

Инфографик и проширена анализа во која се обработени податоци поврзани со спроведените интервентни набавки, одлуките за иземни и дополнување на буџетите на јавните институции и примените донации,а во насока на надминување на последиците предизвикани од COVID-19

Во време на вондредна состојба, некоординираноста во известувањата на јавноста, разликите во податоците кои се презентираат со јавноста; немањето на информации за резултатите од работењето на јавните институции, особено за начинот на прибирање и трошење на парите на граѓаните од оние институции од здравствениот сектор; давањето на можност за извршување на буџетски пренамени самостојно од страна на секој буџетски корисник без јавно образложување на потребата, изворот на кратење и износот; итн. допринесуваат кон зголемување на можноста за злоупотреба на парите на граѓаните. Дополнително, ваквиот пристап дава ексклузивно право на Владата да донесува одлуки и ги утврдува потребите на граѓаните без консултации и предлози.
Процесите на прибирање и трошење на средствата наменети за справување со пандемијата на COVID-19 се нетранспарентни, а пак малкуте достапни информации се конфузни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.