Филмовите кои се базираат на ликовите од стриповите прават голем профит уште од 1987 година, кога за прв пат големиот Супермен на DC се појави во кино салите. Па, филмовите базирани на DC comics, во кои влегуваат Бетмен, Жената Мачка и многу други до сега имаат направено профит од околу 8 милијарди долари.
Но, понекогаш и хероите наидуваат на некоја поголема сила од нивната, како што DC наиде на нивните најголеми непријатели Marvel и нивните Спајдермен, Х-мен и Железниот човек. Марвел дури го поседуваат и филмот со суперхерои кој успеа да направи најголема заработувачка од сите од таков вид.
Нормално, го носи насловот „Avengers”, а направи заработувачка од 1,5 милијарди долари на светско ниво, а вооедно е и еден од филмовите со најголемо заработување во историјата. Сега, Дизни изгледа паметно откако во 2009 година ги купи Марвел за 4,2 милијарди долари.
Досегашната заработувачка на Марвел постигна околу 14 милијарди долари. Како и да е, откако започнаа со репродукции на веќе направените филмови со суперхерои, пазарот е сменет и бара сѐ повеќе визуелни ефекти. Од таа причина, буџетите на ваквите филмови значајно рипнаа во цените, па сега достигнуваат и повеќе од 200 милиони долари.
А, за да го докажеме горенаведеното, повелете и инфографик, па пронајдете на кое место се наоѓа вашиот омилен суперхерој.
Филмовите кои се базираат на ликовите од стриповите прават голем профит уште од 1987 година, кога за прв пат големиот