Информација за изведбата на оперската претстава „Тоска“

Во среда, 17 ноември со почеток во 20.00 ч. во Националната опера и балет ќе биде изведено едно од ремек делата на Џакомо Пучини „ТОСКА“.

Бисера Чадловска e диригент на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија)сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска.

Весна Ѓиновска-Илкова и Зоран Сотиров ги толкуваат улогите на главната хероина Тоска и нејзиниот љубовник Каварадоси, заедно со Борис Трајанов во улогата на злобниот Скарпија.

Во останатите улоги настапуваат: Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски,
Диме Петров
, Димитар Кожухаров и Десанка Глигоријевиќ.

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.