Информација за изведба на балетската претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски

Информација за изведба на балетската претстава  „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски  на 24.12.2021, 25.12.2021, 28.12.2021

По повод новогодишните празници, Националната опера и балет и оваа година на големата сцена ќе ја изведе омилената божиќна балетска бајка „Оревокршачка“, а поради големиот интерес, најавени се три изведби на 24, 25 и 28 декември со почеток во 20.00 часот.

За првпат балетот „Оревокршачка“ бил поставен на сцената на Националната опера и балет (тогашна МНТ) на 2 декември 2001 година, од тогаш до денес редовно се изведува на нашата сцена за време на новогодишно-божиќните празници. Оваа година е јубилејна, 20 години од првата изведба на балетот „Оревокршачка“ пред македонската публика.

Со величествената музика на Чајковски, по кореографија на Василиј Иванович Ваинонен од Русија, пренесена од: Михаил Крапивин (Русија), сценограф  е неговиот сонародник Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска.

Балетот „Оревокршачка” е волшебна, новогодишно-божиќна бајка, мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред Нова година, секоја година!

Во главните улоги  настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски, Ела Канер (Турција) во претставата на 24 декември. Ивана Коцевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Ела Канер (Турција) во претставата на 25 декември. Христина Наќевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Ела Канер (Турција) во претставата на 28 декeмври.

Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од  ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.