Утре, 7 мај, кога во нашата земја во еднодневна посета ќе пристигне папата Франциск, е работен ден за сите граѓани, соопшти Владата.
Денес Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец соопшти дека сите подготовки за реализација на програмата на Апостолската посета на Папата Франциск на земјава се завршени.
Сите информации за посебните сообраќајни правила и за работата на јавните здравствени установи можат да се најдат на веб страницата https://papa.mk.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.