Информација од Детска клиника за состојбата на дечињата заборавени во автомобил

Денес од Клиниката за детски болести информираат каква е состојбата на дечињата кои вчера беа извлечени од автомобил каде таткото ги заклучил и ги оставил.
– Во моментот на прием децата оддаваа впечаток на запуштени деца, беа валкани во нечисти алишта. Беа донесени во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани,свесни со уредни витални параметри, информираат од клиниката.
Децата се хоспитализирани на одделот пулмологија Б за обсервација, направени се рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот во стабилна состојба. Истите се испишуваат во добра здравствена состојба.
Таткото ги оставил децата во автомобилот за да оди на забава, а тие се разбудиле од спиење и плачеле до дехидрирање. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош. Очевидци велат дека веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница. Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала.
Парот бил разведен, а децата биле кај таткото на еден ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.