Инцидентот во ИВЗ е срамен чин, може да влијае на меѓуетничките односи – тврди Османи

Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања на денешниот состанок со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи меѓу другото разговарал и за случувањата во Исламската верска заедница.
– Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија и очекувам од Владата, но и од останатите институции да преземат активности со кои ќе ја заштитат независноста на ИВЗ”, изјави Османи.
Тој посочил и дека ваквите инциденти со сигурност негативно ќе влијаеле на стабилните меѓуетнички односи, кои претставувале плод на долгогодишен труд и внимателно однесување, наведуваат од Секретаријатот.
– Во моментов меѓуетничките односи се стабилни и цврсти и на тоа сме особено горди, но тоа не е нешто што треба да се зема здраво за готово, туку напротив, мораме активно да работиме на нивното одржување, рече Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.