Три лица го загубија животот, а 14 се ранети во масовна престрелка која се одигра денес во Ново Мексико, објавија локалните власти. Инцидентот се случил во парк во Лас Крус, околу 22 часот по локално време, информира полицијата на социјалните мрежи. Во моментов нема приведени, но полицијата изјавила дека активно работат на повеќе насоки на истрага. Меѓу загинатите се двајца млади на возраст од 19 години и еден 16-годишен тинејџер. Според извештаите, престрелката се случила за време на собир на љубители на модифицирани спортски автомобили.
The post Инцидент во САД: Напаѓачот сѐ уште на слобода по трагедија со жртви и повредени appeared first on 365.mk.