На блокадите во Нови Сад се случи инцидент кога возач на автомобил BWM се обиде да ја пробие толпата студенти.
Студенти од Нови Сад ја одржаа акцијата „Стоп за Србија“ на Варадинскиот мост. На пат од кампусот до мостот дошло до инцидент кога маж се обидел со својот автомобил да влета во колона студенти, а потоа излегол од автомобилот и почнал да се расправа со нив.
За време на инцидентот друг жител на Нови Сад излегол од друг автомобил и станал да ги одбрани студентите.
Тој заедно со студентите го избркал возачот на црното БМВ, кој побегнал од булеварот Цар Лазар и го оставил автомобилот на улица.