Инцидент со авион на аеродромот во Денвер, патниците безбедно евакуирани

Авион на “Американ ерлајнс” беше принуден на евакуација поради пожар на моторот при слетување на меѓународниот аеродром во Денвер, при што сите 172 патници и екипажот од шест члена успешно го напуштиле леталото, потврдиле од авиокомпанијата. Според извештаите од медиумите, нема потешко повредени лица, но 12 патници биле пренесени во болница поради полесни повреди. Пристигнувањето на авионот во Денвер се должи на пријавувањето на вибрации на моторот од страна на екипажот, соопштија од Федералната управа за авијација (ФАА).
Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат патници кои се евакуираат по крилото на авионот, додека од моторот излегува густ чад. Од компанијата известија дека иако авионот безбедно слетал, проблемите со моторот се појавиле подоцна. Од аеродромот потврдија дека пожарот е изгаснат и дека сообраќајот продолжил. Оваа несреќа со моторот се случува неколку недели по инцидентот со “Делта ерлајнс” во Торонто, каде што авион се превртел поради неповолни временски услови.
The post Инцидент со авион на аеродромот во Денвер, патниците безбедно евакуирани appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.