Ин мемориам: Данило Коцевски
Ќе остане запаметен како писателот и хроничар на Скопје.
Данило Коцевски (1947-2020), критичар и хроничар, сестран книжевен творец и драг пријател, кој беше секогаш расположен за инспиративен книжевен реазговор и беше пример за книжевен деец
По кратко боледување денес почина Данило Коцевски на 73-годишна возраст. Погребан е на градските гробишта „Бутел“ во присуство на потесното семејство. Роден е во 1947 година во Куманово. На Филозофскиот факултет во Скопје дипломира и подоцна станува член на Друштвото на писатели на Македонија. Во неговата професионална кариера има работено и како универзитетски професор по новинарство.
Првата книжевна творба Коцевски ја објавил во „Нова Македонија“ во 1962 година. Еден е од иницијаторите за основање на Институт за македонска литература заедно со Слободан Мицковиќ, Душко Наневски и Георги Сталев.
Пронајдете не на следниве мрежи: