ИН МЕМОРИАМ: Зафир Хаџиманов почина од последици поврзани со КОРОНА ВИРУСОТ

ИН МЕМОРИАМ: Зафир Хаџиманов почина од последици поврзани со КОРОНА ВИРУСОТ

Иако се вакцинирал Хаџиманов сепак подлегна на последиците од вирусот.

Тој ги испеа некои од најголемите македонски шлагери кои ги паметат генерации…

Зафир Хаџиманов е автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Исто така, тој играл главни улоги во неколку филмови, како, на пример, „Македонска крвава свадба“.

Тој е носител и на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“ итн. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година бил промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, којшто во тираж од 10.000 примероци, на 3 декември бил дистрибуиран како подарок, во склоп на списанието „Теа модерна“. Проектот бил поддржан од Министерството за култура на Македонија, а издавач на албумот била продукциската куќа „Пасворд“.

Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.