Ин мемориам: Почина славниот дизајнер на чевли Серџо Роси
Легендарниот дизајнер почина како последица на КОРОНАВИРУСОТ неколку дена откако беше хоспитализиран во Чезена, Италија.
Утре, недела е прогласен за ден на жалост во Италија, во неговиот роден град Сан Мауро Пасколи. Тој создаде голем број работни места за своите сограѓани, уште од почетоците на градењето на модниот бренд за обувки кој го носи неговото име, во 1951 година.
Серџо Роси починал во четвртокот вечерта во болница на северот од Италија, а градоначалничката на неговиот град кој има околу 47 000 жители изјавила: „Неговата смрт е голема загуба за нашата заедница“.
Прочитајте уште и:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.