Со чувство на голема тага и неспокој известуваме дека вчера од последици со КОРОНА вирусот почина нашиот близок соработник Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев.
Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев беше во екипата на ПУЛС24 од првиот ден на формирањето на порталот. Беше одговорен за изгледот на сајтот и базата на податоци. Повеќе од 8 ипол години се грижеше за се да функционира беспрекорно.
Неговото прерано заминување кај нас остава чувство на горчина. Ќе остане запаметен засекогаш како нераскинлив дел од постоењето на ПУЛС24.
Упатуваме сочувство до неговата сопруга и семејството. Бог да го прости.
Пронајдете не на следниве мрежи: