Иранска телевизија: Иран ќе започне моќни напади врз Израел во наредните часови

„Моќни и деструктивни“ напади од страна на Иран врз Израел се очекуваат во наредните часови, бидејќи израелската војска продолжува да напаѓа неколку цели низ Иран, објави иранската државна телевизија, објави Ројтерс.

Израелската војска претходно соопшти дека воздухопловните сили на земјата нанеле „значителна штета“ на иранскиот нуклеарен објект Натанз и уништиле делови од локацијата на нуклеарниот објект Исфахан.

Иран соопшти дека одговорил на „бруталниот напад“ на Израел во операцијата „Вистинско ветување 3“ со испукување десетици ракети кон земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: