Иран: Армијата е способна сама да го уништи Израел

Иранската редовна армија е способна самата да го уништи Израел, изјави во четвртокот ирански воен командант одговарајќи на изјавите на висок израелски функционер за способноста на Израел самостојно да се спротистави на иранската нуклеарна програма.

 „За соочување со тој режим не треба да ги употребиме сите капацитети на нашите воени сили. Иранската армија е способна сама да го уништи Израел”, изјави генералот Атаолах Салехи по повод годишниот марш на воените сили, пренесува иранската новинска агенција Mehr.
Паралелно со редовниот состав на армијата кој брои 600 илјади припадници, Иран по револуцијата од 1979 година формираше елитно тело, Гардата на чуварите на исламската револуција, којашто ја контролира балистичката ракетна програма на земјата. Странските воени аналитичари сметаат дека тие единици бројат околу 120 илјади луѓе посовремено и помоќно оружје.
Во вторникот началникот на израелскиот генералштаб, Бени Ганц изјави дека израелската армија е способна самата да го нападен Иран, без честото споменување на американската воена помош.
Иранските агенции нагласуваат дека во текот на парадата, иранската армија ги претставила трите нови типа беспилотни летала. Техеран во декември 2011 година објави дека над својата територија соборил софистицирана извидувачка беспилотна направа со ознака „RQ-170 Sentinel” и дека започнал со нејзиното копирање.
Макфакс
Иранската редовна армија е способна самата да го уништи Израел, изјави во четвртокот ирански воен командант одговарајќ

Пронајдете не на следниве мрежи: