Иран воведува нови правила: „Ормутскиот теснец станува зона на безбедност и просперитет“

Командата на морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека ќе го претвори Ормускиот теснец во зона на „безбедност и просперитет“ откако ќе воведе нови правила за контрола на водниот пат.

Во соопштението се наведува дека морнарицата на ИРГК ќе спроведе „ нови правила “ во водите во близина на иранскиот брег во Арапското Море и Ормутскиот теснец , објави Ал Џезира.

Прецизирано е дека морнарицата на ИРГК ќе врши „контрола над речиси 2.000 километри ирански брег“ во Арапскиот Залив и Ормутскиот теснец, што, како што е наведено, ќе доведе до безбедност и просперитет на регионот.
The post Иран воведува нови правила: „Ормутскиот теснец станува зона на безбедност и просперитет“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: