Иран ги демантира различните информации за жртвите во земјотресот

Силен земјотрес од 7,8 степени по Рихтер го погоди југоисточен Иран во вторникот, меѓутоа поради оштетените комуникации со регионот, функционерите даваат различни информации за настрадани, додека командантот на Гардата на чуварите на исламската револуција за регионот Систан Балучистан, генералот  Мортазави ги демантира информациите за бројот загинати.Земјотрес со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во вторникот нешто по 13 часот по македонско време, го потресе пограничното подрачје на Иран и Пакистан. Земјотресот, покрај во овие две земји, бил почувствуван и во државите од Персискиот залив и во Индија. Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри југоисточно од иранскиот град Каш, во кој живеат околу 50 илјади луѓе.Агенцијата Reuters јави за најмалку 40 загинати и повеќе од 850 повредени луѓе, како и дека од потресот во прекин е снабдувањето со електрична енергија и комуникациите во неколку ирански провинции.„Засега уште немаме точни податоци за настрадани и жртви во земјотресот. Тоа што го јавуваат медиумите, посебно неколку интернет страници, не одговара на вистината“, го цитира генералот Мортазави иранската агенција DANA.Според него, снабдувањето со електрична енергија и комуникациите се во нормалниот режим, а во погодени области се испратени екипи за укажување помош.Претставници на иранските власти инаку претходно соопштија дека стравуваат од стотици жртви, но агенцијата ISNА пренесува дека засега нема информации за жртви.„Тоа беше најсилниот земјотрес во Иран во последните 40 години и очекуваме стотици загинати“, изјавил ирански функционер кој сакал да остане анонимен.Меѓутоа, иранскиот политичар Хамид Реза Пашанг изјави за агeнцијата Mehr дека „според она што го слушнавме од населението од погодените области, бројот на жртвите не е голем“.
МакфаксИранската државна телевизија објави дека загинале најмалку 40 луѓе, но додаде дека нема официјална потврда.Американскиот геофизички институт USGS објави дека во земјотресот се случил 12,44 часот по средноевропско време, на длабочина од 15,2 километри, а епицентарот бил во планинскиот и пустински дел на југоисточен Иран, 201 километри југоисточно од градо Захедан и 250 километри северозападно од пакистанскиот град Турбата.Според Reuters информации за урнати куќи пристигнуваат и од друг градови од провинцијата Систан Балучистан.Единствената иранска нуклеарна електрична централа Бушер, не е оштетена во земјотресот, соопшти претставник на руската компанија „Русатомстројекспорт“ којашто ја изгради и таму изведува уште некои работи. Бушер е во близина на брегот на Персискиот залив на западот од Иран, а земјотресот се случи на исток од земјата. Силен земјотрес со магнитуда од 6,3 степени по Рихтер го погоди регионот во близина на Бушер на 9-ти април, кога загинаа 39 луѓе а повредени беа 850.Земјотресот силно се почувствувал и во индиската престолнина Њу Делхи, каде што жителите излегле на улиците. И во Дубаи и во Катар поради иранскиот земјотрес биле евакуирани повисоките згради.Иран лежи на три тектонски плочи и раседлини и низ историјата има претрпено неколку разорни земјотреси, меѓу кои оној со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер во 2003 година кој со земјата го срамни градот Бам при што загинаа повеќе од 25 илјади луѓе.Силен земјотрес од 7,8 степени по Рихтер го погоди југоисточен Иран во вторникот, меѓутоа поради оштетените комуникаци

Пронајдете не на следниве мрежи: