Иран го блокира Ормутскиот теснец: Нема да се отвори додека не престанат американските напади

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека траат американските „закани“ и „мешањето“ во поморскиот транспорт во регионот, неколку часа откако американската војска соопшти дека нападнала десетици цели на ИРГК во Иран.

„Ормутскиот теснец нема да биде повторно отворен сè додека продолжуваат прекумерната реторика, заканите од американските претставници и нивното мешање во поморските движења во регионот“, се вели во соопштението на Иранската револуционерна гарда.

„Заканите и мешањето само ќе ја отежнат и ќе ја комплицираат ситуацијата“, соопшти ИРГК.

Иран тврди дека Ормутскиот теснец е под негова контрола и честопати напаѓа бродови кои не ги почитуваат неговите инструкции.

Инаку, јорданската армија објави дека пресретнала и соборила пет ракети лансирани од Иран кон кралството, што е четврти ден по ред од вакви инциденти.

Во соопштението, војската соопшти дека системите за воздушна одбрана ги откриле и пресретнале петте ракети во раните утрински часови во четврток.
The post Иран го блокира Ормутскиот теснец: Нема да се отвори додека не престанат американските напади appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: