Иран го забрани Буда, запленети статуетките

Некои исламисти не поддржуваат производство на статуи, а на нив гледаат како на начин да се промовира идол.

По Барбика и ликовите од анимираната серија „Симпсонови”, иранските власти одлучија дека и статуата на Буда е во категоријата забранети предмети.
 Властите на оваа конзервативна муслиманска земја запленија статуи на Буда од продавниците ширум Техеран, за да го запрат влијанието на будизмот во земјата, се наведува во текст на независниот весник „Арман”.
 Техеран веќе долго се бори против предметите како Барбиките, за да го намали влијанието на Западот, но се чини дека иранските власти, прв пат покажуваат спротивставување кон симболите на Истокот.
 Весникот го цитира Саид Џабери Ансари, надлежен за заштита на културното наследство на Иран, кој споменатите статуи ги нарече симболи на „културна инвазија”.
 Вели дека власта нема да допушти ни една религија да биде промовирана со помош на такви предмети.
 Ансари не соопштува колку точно статуи на Буда се запленети, но додава дека „чистката” на продавниците продолжува.
 Некои Иранци купуваат статуи од буда за уредување на своите домови и автомобили.
 Поголемиот дел е направена во Кина, а увезени се од зона на слободна трговија во Персискиот залив.
 „Колку што разбирам, никој од муштериите не се грижи за будизмот, тие само купуваат статуи за декорирање”, вели Реза Санеи, сопственик на продавница каде се продаваат статуи на Буда.
 Освен официјалната религија во земјата, исламот, со уставот се признати уште три други религии, христијанството, јудаизмот и зороастризам.
Макфакс
Некои исламисти не поддржуваат производство на статуи, а на нив гледаат како на начин да се промовира идол.

Пронајдете не на следниве мрежи: