Иран објави насоки за пловидба како да се избегнат мини во Ормутскиот Теснец

Бродовите што планираат да поминат низ Ормутскиот Tеснец треба да користат алтернативни патишта за да ги почитуваат принципите на поморската безбедност и да бидат заштитени од можен контакт со морски мини. Ова се наведува во соопштението на Корпусот на иранската исламска револуционерна гарда, кое го објавија иранските медиуми.

Во соопштението се наведени и алтернативни патишта, заедно со мапа што ги покажува. Бродовите што влегуваат од Оманското Море треба да пловат северно од островот Ларак, а потоа да продолжат кон Персискиот Залив.

Бродовите што пловат во спротивна насока треба да излезат од Персискиот Залив, да поминат јужно од островот Ларак и да продолжат кон Оманското Море.

Пронајдете не на следниве мрежи: