четврток, 26 ноември 2026
Најново

Иран: Разбивме шпионска мрежа водена од Израел и САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Мрежа водена од американските и израелските разузнавачки служби е идентификувана во земјата и разбиена, соопшти разузнавачката служба на иранската Револуционерната гарда.

Во соопштението се наведува дека операцијата била спроведена на координиран начин во неколку провинции, но не е прецизиран датум, точни локации и дали имало апсења.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во јуни, Израел започна напади врз Иран, при што загинаа неколку стотици луѓе, вклучувајќи високи воени функционери и нуклеарни научници. Техеран возврати со ракетни и беспилотни летала напади врз Израел, каде што беа убиени повеќе од 25 лица. САД, сојузник на Израел, исто така извршија напади врз нуклеарните постројки на Иран.

Прекинот на огнот меѓу Иран и Израел е во сила од 24 јуни.

Иранските власти минатите месеци соопштија за неколку апсења поради шпионажа и егзекуција на неколку лица осудени за соработка сo Мосад.

Поврзани вести