Ирена Ристиќ приведена, а сакале да ја носат и во Бардовци

Заради реметење на јавен ред и мир сношти во полициската станица “Беко“ беше приведена Ирена Ристиќ. Ова се случило додека таа со група волонтери собирала опушоци пред Владата. “Пробаа да ме стават во Бардовци. Ме вратија у Беко!
Имам модрици по раце и пцовки во уши. Алтан ми е сам! Умирам од грижа! Имам многу да раскажам“ – кажа таа грижејќи се за својот миленик.
Ова беше првата од неколкуте објави на нејзиниот профил, по што следеше и оваа.“Македонија на гола кожа. Полициска Беко. Психијатриска болница “Бардовци. И јас! Победив.
Се налутија што собирам пикавци пред Влада. Да не бевте емотивно врзани, па ве изреметив? Знаете кога ќе попуштам под притисок?  Никогаш! Фино сте ме процениле. Едвај ги убедив дека имам право на адвокат“ – напиша таа на својот фејсбук профил откако ја пуштиле да си оди дома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.