Ирена Ристиќ ја носеле во “Бардовци“ зошто одбила алкотест, тврди МВР

Сагата продолжува
Во билтенот на МВР е регистрирано дека актерката Ирена Ристиќ заедно со уште едно лице синоќа по полноќ го нарушувале јавниот ред и мир на булеварот “Илинден“ на тој начин што силно викале, и дрско и непристојно се однесувале. Заради тоа биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка. 
Како што информираат од МВР на В.Р. му бил направен алкотест и тој потпишал записник за присуство на алкохол во крвта, по што во 3:35 часот бил ослободен.
Ирена Ристиќ одбила да и биде направен алкотест и заради тоа била однесена во Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза“, за да и бидат земени крв и урина за анализа за присуство на алкохол.И таму одбила да и земат крв, па била однесена во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје, со цел добивање мислење од стручно лице врз основа на надворешните манифестации и симптомите кои ги давала.
По тоа повторно била вратена во Полициската станица Центар, од каде во 4:30 часот била ослободена. Полицијата соопштува дека и против Ристиќ и против 32-годишниот скопјанец В.Р. ќе бидат поднесени прекршочни пријави.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.