среда, 25 ноември 2026
Најново

Ископал тунел за да ја шпионира поранешната сопруга, но сам се заглавил во него

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цезар Арнолдо Гомез (50) се заглавил во тунелот во кој повремено влегувал за да ја шпионира својата поранешна партнерка и таму останал скоро 24 часа.
Наводно, тунелот го копал под куќата на својата партнерка Гриселда Сантилан (58) дури недела дена.
Неговата поранешна сопруга подоцна рекла дека слушала чудни звуци од дворот. Го замолила соседот да погледне за што станува збор, а потоа пронашле отвор на тунел, неколку ножеви и шишиња вода.


Малку подлабоко во тунелот бил и Цезар кој таму се заглавил. Од дупката го извлекле спасувачи, а на крајот добил забрана за доближување на својата поранешна жена.
Мексиканската полиција рекла дека Цезар не сакал да излезе од тунелот.
Како што наведуваат странските медиуми, парот бил во брак 14 години, а потоа Гриселда побарала развод затоа што Цезар бил посесивен и многу љубоморен

Поврзани вести