Искористете ги овие пролетни температури до вторник- од среда целосен пресврт и снег во Македонија!

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од девет до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.


Утринската температура ќе достигне до минус еден степен, а дневната температура до 13 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно време со релативно високи температури за овој период од годината. Поголема промена на времето ќе има од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата.
Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.