недела, 29 ноември 2026
Најново

Искористете го викендот за прошетки, од понеделник повторно дожд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од денес до понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник кон крајот на денот ќе има нови локални врнежи од дожд.
Според соопштението на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежи од дожд ќе има од понеделник до среда, кога се очекуваат и громотевици.
Утринската температура ќе биде во интервал од минус 1 до 4 степени, а дневната од 13 до 24 степени Целзиусови.

Поврзани вести