Искористете го убавото време- викендов сончево и топло

Уште утре ќе има појава на умерена облачност, а само на планинските места не се исклучува во попладневните часови можноста за сосема слаба и краткотрајна нестабилност.
Мала до умерена облачност ќе има во петок, додека за време на викендот кој ни доаѓа ќе имаме стабилно, суво, сончево и пријатно летно време и тоа под влијание на стабилна и сува воздушна маса.


Сепак, утре и во петок, поради високиот воздушен притисок над нашпиот дел од Европа и значително понискиот југоисточно од нас ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км на час. Затоа би било добро во ваква ситуација граѓаните да внимаваат како и каде се движат и каде ги ставаат своите автомобили.
За време на викендот ветерот ќе почне да ја намалува брзината, па температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Викендот кој што е пред нас, љубителите на освежувањето слободно ќе можат истото да го направат на некои од реките или езерата во државава и секако да уживаат во прекрасносто време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.