Во последниот дуел од вторничната програма на пријателски меѓународни натпревари во жесток дуел кој Шпанија и Бразил на мадриски „Сантијаго Бернабеу“ одиграа на крајот без победник 3:3 (2:1).
Тоа беше спектакуларна средба за престиж на два големи ривала во која Шпанија беше многу блиска до победата, водеше со 2:0 и 3:2, но Бразил да израмни од пенал во шестата минута од судиското надополнување.
Шпанија поведе од сомнително досудениот пенал кој го реализираше Родри (12-11м), а Дани Олмо (36) по феноменална соло акција зголеми на 2:0. Бразил израмни на 2:2 преку Родриго (40), кој ја искористи големата грешка на голманот Симон и преку 17-годишниот Ендрик (50), за во самата завршница да бидат досудени уште два пенала. Најпрво Родри (87-11м) го реализираше вториот пенал за домашните за 3:2, а потоа Пакета (90+6-11м) израмни за конечните 3:3.
Словенечката фудбалска репрезентација оствари вредна победа од 2:0 (0:0) против Португалија во Љубљана на пријателскиот натпревар одигран во вторник. Головите за Словенија ги постигнаа Гнезда Черин (73) и Елшник (81).
Англија одигра 2:2 (1:2) против Белгија на „Вембли“ во Лондон. Тилеманс двапати носеше предност на гостите (11, 36), а домашните се спасија од пораз преку Тони (17-11м) и Белингем (90+5).
Домаќинот Германија во Франкфурт ја совлада Холандија со 2:1 (1:1). Веерман (4) ја доведе Холандија во водство, но Мителштаед (11) и Фуелкруг (85) успеаја да направат пресврт.
Како домаќин, Франција го совлада Чиле со 3:2 (2:1) во Марсеј. Гостите поведоа со голот на Нуњез (6), но Фофана (19), Коло Муани (26) и Жиру (73) направија гол за Осорио (82) да го намалат резултатот на 3:2.
Убедлива беше Австрија, која во Виена ја совлада Турција со 6:1 (2:1) со трите гола на Грегорич.